еМагазин
Image default
Бизнис

Македонски Телеком со раст на добивката од 33,2% во првиот квартал

Македонски Телеком денеска објави дека во првиот квартал годинава има зголемени приходи од продажбата за 3,7 проценти во споредба со претходната година и истите изнесуваат 2,9 милијарди денари.

Од компанијата велат дека за разлика од 2022 година кога оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA), бележеше пад, во првите три месеци од годинава таа е зголемена за 5,6 проценти споредено со истиот период минатата година.

И нето добивката, соопштува Телеком, бележи пораст од дури 33,2 проценти.

-Споредено со истиот период во 2022 година, Телеком го зголеми бројот на пристапи до оптика за 11 проценти и сега тој изнесува 281.000. Во март, бројот на корисници на оптика надмина 100.000.

Оваа година се планира масовно мигрирање на корисниците од бакар на оптика во поголемиот дел од главниот град, како и во сите делови на државата каде што има оптичко покривање, информира телекомуникацискиот оператор, посочувајќи и дека продолжува ширењето и на 5G мрежата, којашто сега е достапна во 27 градови и нивните околини

Компанијата дополнува дека бројот на корисници продолжил да расте во првите три месеци на 2023 година во сите сегменти и оти на ТВ пазарот имаат удел од 33,6 проценти и раст од 1,2 проценти или 148 илјади корисници.

-Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 2,8 проценти и изнесува 204 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи исто така порасна за 2,8 проценти. Во мобилните комуникации, базата на корисници е зголемена за 3,3 проценти, со што бројот на корисници достигна 1,25 милиони.

Во фиксната телефонија, остануваме на водечка позиција со удел од 61,2 проценти и 224 илјади корисници, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТТК Банка со зголемена добивка во првите шест месеци

Редакција

Најтранспаретни за јавните набавки министерствата за економија и одбрана, а најмалку за здравство и образование

Редакција

Комесарот за трговија на Нејзиното Височество за Европа, Бартон, во посета на „Брако“ и „Грин Машинс“ од Велес

Редакција