еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Галерија) Македонскиот модел Горјана Кулишевска-Џоја во лукбук за Alexander McQueen

Иако веќе по втор пат престојува во Милано интернационалниот модел Горјана Кулишевска – Џоја баш неодамна го изработи лукбукот за престижниот дизајнер Alexander McQueen.

Фотографирањето се случи во главните простории на дизајнерот, а беше наменето за групацијата Net a Porter. Неодамна нашиот модел потпиша договор со една од најдобрите модни агенции Next Models и очекувано следеше добар ангажман.

„Кулишевска е долги години на модната сцена но сепак победата на Лице на Годината за 2017 година и ги отвори вратите на светскиот моделинг. Покрај Моделс ИН Менаџмент кариерата на нашата Џоја и ја води познатата менаџерка Јелена Ивановиќ од Белград, која успешно ја пласираше во Милано и Париз.

Елегантна, софистицирана и професионална Кулишевска е синоним за врвен модел која секошаш успева посветено да работи како интернационален модел и воедно одличен студент по молекуларна биологија. Од септември почнува новата сезона за Џоја и веруваме следува некоја докажана модна дестинација,“ велат од Моделс ИН Менаџмент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Листа на собрани потписи за независни кандидати на локалните избори

Редакција

Фонд од Холандија сака да го купи мнозинскиот удел на клиниката „Жан Митрев„

Редакција

572 нови случаи на Ковид-19 од 4.511 тестирања

Редакција