еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Макпетрол“ ја обнови и пушти во употреба бензинската станица во Кавадарци

Современ и функционален изглед, како и исполнување на највисоките технички и безбедносни стандарди, има обновената бензинска станица на „Макпетрол“ во Кавадарци која што е пуштена во употреба, информираат од таму.

Достапност кон квалитетните производи и услуги потрошувачите имаат 24 часа секој ден во неделата.

На обновената бензинска станица во Кавадарци се достапни сите квалитетни ULTRA горива на „Макпетрол“, базирани на технологијата Dual Action Technology, вклучувајќи ги и течниот нафтен гас за возила (ТНГ) и течноста Адблу (Ad Blue). Во продажниот објект има и широк избор на производи од дополнителниот асортиман.

„Макпетрол“ е компанија што постојано се труди да ги задоволи потребите на своите потрошувачи и да им овозможи квалитетно, сигурно и економично снабдување со нафтени деривати, гас и био-горива. Токму поради тоа, изминатиов период „Макпетрол“, како најголем дистрибутер на горива во земјата, континуирано инвестира во обнова на своите бензински станици, со цел подобрување и осовременување на својата мрежа на услужни објекти, велат од таму.

„Макпетрол“ и понатаму ќе продолжи да инвестира во своите капацитети, модернизирајќи ги со најнови технологии, што е дел од посветеноста на компанијата кон задоволување на потребите на потрошувачите и истовремено да овозможи ефикасно снабдување со нафтени деривати и други производи и услуги, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Компанијата „дм дрогерие маркт“ донираше респиратори во вредност од 36.600 евра

Редакција

Почит кон великанот: Општина Центар ќе подигне спомен-обележје на драматургот Горан Стефановски во Дебар Маало

Редакција

Специјалната награда на жирито за филмот „Сестри“ на Дина Дума во Карлови Вари

Редакција