еМагазин
Image default
Спорт

„Макпетрол“ најуспешен со 14 медали на државното карате првенство

Со освоени 14 медали, од кои што пет златни, пет сребрени и четири бронзени, карате клубот „Макпетрол“ беше убедливо најуспешен на државниот шампионат за сениори што викендов се одржа во Скопје, информираат од таму.

Кај жените, во борби, шампиони станаа Марија Петровска (-50 килограми), Марија Милевска (-55 кг.), Вероника Костовска (-61 кг.), Ангела Мојсовска (-68 кг.) и Румена Балшевска-Беговиќ (+68 кг.).

Во машка конкуренција државни прваци се Фахик Весели (-60 кг.), Емил Павлов (-67 кг.), Петар Заборски (-75 кг.), Петар Спасеновски (-84 кг.) и Берат Јакупи (+84 кг.) Кај мажите, во борби во екипна категорија, шампион е „Макпетрол“.

Членови на скопскиот клуб кои што освоија сребро се Сара Радичевска (-50 кг.), Моника Пендаровска (-61 кг.), Викторија Јовановска (-68 кг.), Давид Петков (-67 кг.), како и женскиот тим, кој ја освои втората позиција.

Со бронзени медали, пак, се закитија Симона Заборска (-55 кг.), Витомир Трајковски (-84 кг.), Стефан Стојановиќ (+84 кг.) и Глигор Петков (+84 кг.).

„На првенството имаше многу интересни борби, неизвесност постоеше во секоја категорија. Сите наши натпреварувачи покажаа спортска зрелост да го облечат националното кимоно и да станат составен дел на репрезентацијата. Имаме пет златни медали, но и пет сребрени што лесно можеа да бидат и златни признанија.

За обележување се настапите на капитенот Петар Заборски, кој во категоријата под 75 килограми ги совлада сите конкуренти и заслужено го освои првото место. Петар Спасеновски доминира во полутешка категорија и рутинирано и сигурно ги совлада сите противници.

На ист начин се истакна и најдобрата македонска каратистка Ангела Мојсовска, која во категоријата под 68 килограми сите борби ги победи со голема бодовна разлика,“ изјави тренерот на карате клубот „Макпетрол“, Бошко Заборски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МОК доби престижен сертификат од Меѓународниот олимписки комитет за реализираните проекти од областа на спортот

Редакција

Дарио Ивановски го собори македонскиот и својот личен рекорд во маратон

Редакција

Виз Ер Скопски маратон со повик за волонтери: Маратонот ќе се одржи на 4-ти октомври

Редакција