еМагазин
Image default
Бизнис

„Макпетрол“ останува овластен дистрибутер на „Хонда“ во земјава

Целосно неточни се информациите дека јапонскиот бренд „Хонда“ нема да биде застапуван од „Макпетрол“, информираат од Макпетрол.

Компанијата ја демантира веста со наслов: „Макпетрол“ повеќе не е застапник на „Хонда“, јапонскиот бренд во земјава ќе го претставува „Хонда Ауто центар“, објавена на некои медиуми на 03.06.2022 година.

Во веста се тврди дека „Макпетрол АД“ нема повеќе да биде „претставник на Хонда во земјава“, односно дека „нов претставник ќе биде „Хонда Ауто центар“.

Компанијата ги информира своите клиенти дека „Хонда Ауто центар“ како правен субјект не постои во Македонија.

Исто така, информираме дека, како и досега, „Макпетрол“ останува овластен дистрибутер на „Хонда“ (HONDA Motor Co Limited), додека „Ауто Трејд Скопје“ е единствен официјален 3S (Sales, Service & Spare Parts) дилер на територијата на Република Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка: Долгот на домаќинствата лани пораснал за 8,9%

Редакција

Превозот на стока меѓу Македонија и Украина ќе се врши без дозволи, одлучи Владата

Редакција

Македонија со најниска просечна плата од земјите од поранешна Југославија, Словенија со највисока

Редакција