еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Превозот на стока меѓу Македонија и Украина ќе се врши без дозволи, одлучи Владата

Владата на вчерашната седница ја усвои Информацијата со која се овозможува превозот на стоки во патниот сообраќај со Украина да се врши без дозволи до крајот на годината.

– На денешната седница, беше усвоена Информацијата во која Министерството за транспорт и врски на С Македонија и Министерството за инфраструктура на Украина се договорија превозниците на Украина и С Македонија, превозот на стока во патниот транспорт, во билатерала и транзит да го вршат без дозволи до крајот на годината, по принципот на реципроцитет за двете земји, информира владината прес-служба.

Според Владата, во време на воена состојба во Украина, ова е еден чекор кон олеснување на транспортот на македонските и украинските транспортери во двата правци со цел полесно пристигнување на храна, лекови, гориво кон крајните потрошувачи.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со 1 милион евра во кеш Жан Митрев гарантира дека нема да бега

Редакција

Антикорупциска ќе отвори предмет за куќата на мајката на сопругата на претседателот на ДИК на Халкидики

Редакција

Продаден блок акции од Стопанска банка Битола за 59.000 евра

Редакција