еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска претпладне сончево, попладне и вечер нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде со сончеви периоди. Попладне, во вечерните и ноќните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Доцна попладне и во вечерните часови променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе се спушти до 17 степени, а максималната ќе достигне 28 степени.

И утре ќе се задржи променливо облачно, посвежо и нестабилно време, на повеќе места во попладневните и вечерните часови со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време со пораст на дневната температура, а попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска Парада на гордоста во Скопје

Редакција

Времето денеска облачно со повремени локални врнежи, претежно од снег

Редакција

(Фото) Нашиот модел Викторија Ристовска, во најновиот број на модното списание Ел-Србија

Редакција