еМагазин
Image default
Балкан

Не се укинуваат тестовите за Ковид-19 за македонските граѓани при влез во Косово

Денешната одлука на Владата на Косово „да ги отвори државните граници на Република Косово со Северна Македонија, Албанија и Србија“ се однесува на олеснување на одредени царински процедури со тие три земји и не значи дека се укинува обврската за приложување ПЦР-тест за македонските граѓани при влез во земјата, изјави за МИА членот на косовската Влада, Халил Матоши.

Заменикот министер во Владата на Авдулах Хоти изјави дека станува збор за „погрешно толкување од страна на некои медиуми“ на дел од соопштението од денешната попладневна седница на Владиниот кабинет.

– Оваа одлука се однесува единствено на отворањето на одредени гранични премини со тие земји, со цел да се олесни движењето на граѓаните, но тоа не значи дека се укинати досегашните мерки и протоколи против пандемијата на Ковид-19.

Значи, остануваат на сила сите мерки кои Владата ги има усвоено порано, а кои се однесуваат на влегувањето во земјата на граѓаните од странство, појасни Матоши.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од први мај, Србите ќе може да патуваат во Грција

Редакција

Лавина од пријави за сексуално насилство на Балканот: За еден ден 1.200 сведоштва на „Нисам тражила“

Редакција

Узо со вкус на лимон, портокал, цреша и лимон и минт

Редакција