Маж од кичевско почина откако со возило излетал од пат

Маж на возраст од 62 години загинал вчера откако на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар, во близина на селото Видрани, излетал од патот со возило „фолксваген поло“.

Станува збор за Т.С. од кичевското село Другово.

До несреќата како што раскажала неговата сопруга во полицијата дошло откако тој претходно се пожалил на болки во градите, по што му се слошило и со возилото излетал од коловозот.

Неговото тело е дадено на обдукција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести