Денес, 20. ноември 2019, во х. Холидеј Ин се одржува работилница за користење на средствата од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија за рурален развој (ИПАРД 2014-2020) помеѓу претставниците од Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и претставници од Управувачка структура при Министерството за финансии.
Нивната цел е да го консолидираат процесот на издавање на потребните документи, идентификување на институциите кои ги издаваат, а кои се потребни за доставување во рамки на Апликациите по ИПАРД 2014-2020.
ИПАРД Програмата моментално има рекордна искористеност на средства од 37% односно склучени се 1017 договори со вкупна вредност од 29,5 милиони евра.
На работилницата ќе се обработат повеќе теми меѓу кои клучни ќе бидат ИПАРД можностите за македонското земјоделство и за македонските рурални средини со цел појасно и поедноставно аплицирање, а со тоа и поголема искористеност на придобивките кои ги нуди од Програмата.
Во согласност со продолжувањето на рокот на јавниот повик за аплицирање за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2014-2020 од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, сите заинтересирани, наместо на 18. ноември апликациите ќе може да ги доставуваат до 3. декември 2019 година.
За таа цел Телото за управување со ИПАРД ја продолжува и кампањата за Публицитет на Програмата со нови инфо денови.
Во оваа недела ќе се одржат уште два инфо настани, и тоа:
– 22 ноември 2019 (петок) во Бутел од 10.00 часот во Сала за состаноци на општина Бутел
-22 ноември 2019 (петок) во Јегуновце од 14.00 часот во Салата за состаноци на општината
Дополнителни информации и детали, заинтересираните лица може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, и тоа: ipard.gov.mk, mzsv.gov.mk, ipardpa.gov.mk, agencija.gov.mk или да се јават во Сектор за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА