еМагазин
Image default
Македонија

Клиника за гастроенетрохепатологија: На Бојан Јовановски му беше закажан преглед, но тој не дојде

ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетрохепатологија во целост ги демантира тврдењата на адвокатот на Б.Ј. изнесени во некои медиуми дека не сме сакале да го прегледаме и дека некои од колегите се шегувале со неговата здравствена состојба.

„Адвокатот го има наодот од прегледот, проценка е дека е потребно да се направи колоноскопија, што кај најголем број пациенти се прави во амбулантски услови. Со образложение дека во притвор нема услови за прочистување, адвокатот на Б.Ј. бара тоа да биде направено во хоспитални услови, за што одлучува Судот.

На пациентот Б.Ј. му беше закажан преглед во понеделник (18.11.), со план да се направи негова подготовка во болница, но тој не беше донесен на Клиника. Истакнуваме дека внимателно ќе бидат разгледани новите медицински информации на пациентот, што за Стручниот колегиум на Клиниката, сепак, е најбитно и дека ќе биде постапено согласно неговата здравствена сосотојба, како што налага медицината базирана на докази“, се вели во демантот на Клиниката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рускоска вели дека здравствената состојба на Боки 13 е во ред

Боки 13 не може самостојно да се движи и мокри крв, неговиот адвокат бара итно да биде хоспитализиран

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „Титаник“ одложено за 17 февруари

Редакција

Ќе се согласат ли ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со промена на изборниот модел во пресрет на изборите?

Редакција

Татко на шест деца извршил обљуба на една од малолетните ќерки, мајката ја „продавала“ за сексуални услуги на третоосомничен

Редакција