еМагазин
БЕНЧМАРК

Меѓу-институционална работилница за користење на средства од ИПАРД 2014-2020 во Скопје

Денес, 20. ноември 2019, во х. Холидеј Ин се одржува работилница за користење на средствата од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија за рурален развој (ИПАРД 2014-2020) помеѓу претставниците од Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и претставници од Управувачка структура при Министерството за финансии.

Нивната цел е да го консолидираат процесот на издавање на потребните документи, идентификување на институциите кои ги издаваат, а кои се потребни за доставување во рамки на Апликациите по ИПАРД 2014-2020.

ИПАРД Програмата моментално има рекордна искористеност на средства од 37% односно склучени се 1017 договори со вкупна вредност од 29,5 милиони евра.

На работилницата ќе се обработат повеќе теми меѓу кои клучни ќе бидат ИПАРД можностите за македонското земјоделство и за македонските рурални средини со цел појасно и поедноставно аплицирање, а со тоа и поголема искористеност на придобивките кои ги нуди од Програмата.

Во согласност со продолжувањето на рокот на јавниот повик за аплицирање за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2014-2020 од страна на  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, сите заинтересирани, наместо на 18. ноември апликациите ќе може да ги доставуваат до 3. декември 2019 година.

За таа цел Телото за управување со ИПАРД ја продолжува и кампањата за Публицитет на Програмата со нови инфо денови.

Во оваа недела ќе се одржат уште два инфо настани, и тоа:

– 22 ноември 2019 (петок) во Бутел од 10.00 часот во Сала за состаноци на општина Бутел

-22 ноември 2019 (петок) во Јегуновце од 14.00 часот во Салата за состаноци на општината

Дополнителни информации и детали, заинтересираните лица може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, и тоа: ipard.gov.mk, mzsv.gov.mk, ipardpa.gov.mk, agencija.gov.mk или да се јават во Сектор за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема промена на позицијата на Бугарија во однос на Македонија, вели министерот Стоев по средбата со Вархеји и Силва

Редакција

Грција не прифаќа одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Редакција

Европска комисија бара објаснување од „Фајзер“ за доцнењето на вакцините

Редакција