еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Европска Унија ќе обезбеди дополнителни вакцини за Западен Балкан независно од КОВАКС механизамот, информираше Вархеји

На иницијатива на комесарот за проширување и соседска политика на Европската комисија, Оливер Вархеји, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров учествуваше на координативната видео-средба заедно со колегите од регионот, информираа од Секретаријатот за европски прашања.

„На состанокот беа разменети информации во контекст на напорите на Европската комисија за обезбедување на вакцини за земјите од Западен Балкан.

Се работи за дополнителни дози вон КОВАКС механизмот за кои Европската Унија ќе обезбеди финансиски средства преку ИПА-фондовите,“ се вели во соопштението.

Фото: Photo by Hakan Nural on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема вето од Бугарија, зелено светло од Советот на ЕУ за потпишување на Фронтекс со Македонија

Редакција

Заев и Курц: Имаме заедничка обврска да ја обезбедиме европската иднина на Западен Балкан  

Редакција

Претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен денеска во Скопје, ќе разговара и за спорот со Бугарија

Редакција