еМагазин
Image default
Македонија

Владата ги повикува опозициските пратеници да не ја блокираат работата на Собранието

Владата упати апел до пратениците кои ја блокираат работата на Собранието да се повлечат од тој деструктивен начин на дејствување, бидејќи со тоа носат сериозни штети за граѓаните и за државата.

„Блокирани се дел од мерките од четвртиот и петтиот пакет за кои се неопходни законски измени за да се реализираат решенијата за одржливост на  економијата, за спас на работните места и спроведување на грижата за никој да не биде изоставен.

Во инклузивен процес, со консултација на сите засегнати страни до сега се насочени околу 1 милијарда и 300 милиони евра кон граѓаните и стопанството за да обезбедиме стабилна одржливост на економијата со потенцијал за ревитализација,“ информираат од Влада.

Од таму нагласуваат дека опозициските пратеници треба да прифатат дека станува збор за исклучително чувствителен момент и дека имаат одговорност пред граѓаните да се надмине оваа ситуација со деблокада на собранискиот процес и Собранието час поскоро да ги усвои законските измени за да се стават во функција мерките од антиковид пакетите, кои се од исклучително значење за граѓаните и за стопанството.

„Во иста ситуацијата се ставени и други законски решенија со блокади од стотици или илјадници амандмани како што се Законот за административни службеници, Законот за високо образование, Законот за внатрешни работи, Законот за работни односи, измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, Законот за културно наследство и Законот за јавен интерес во културата, Законот за Клинички центар.

Владата на Република Северна Македонија апелира собраниската говорница да биде место за дебати, идеи и конструктивни амандмани за најдобри законски решенија во интерес на народот и државата,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Собранието пак нема кворум: Додека граѓаните и фирмите чекаат пари, пратениците со меѓусебни обвинувања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џафери не го оправдува однесувањето на Адеми, инцидентот бил испровоциран

Редакција

Чешко-словачката црква ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА под името „Православна црква на Северна Македонија“

Редакција

Собранието го усвои законот за Изборниот законик вратен од Иванов

Редакција