еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Европска агенција за лекови: Да не се користи „ивермектин“ за лекување на Ковид-19

Лекот „ивермектин“ не треба да се користи за лекување на Ковид-19 надвор од клиничките испитувања, порача Европската агенција за лекови (ЕМА).

Како што пишува весникот „Гардијан“, повеќе месеци „ивермектинот“ се посочува како чудотворен лек.

ЕМА објасни дека ги разгледале најновите докази за употребата на ивермектинот како превенција и третман на Kовид-19 и заклучиле дека дополнителните податоци не ја поддржуваат неговата употреба против коронавирусот надвор од клиничките испитувања.

Агенцијата со седиште во Амстердам соопшти дека не добила документи со кои се одобрува употреба на лекот, кој долго време се користи за лекување на некои паразити, вклучително и вошки.

Според ЕМА, потребни се дополнителни истражувања за да се утврди неговата ефикасност против коронавирусот.

Лабораториските тестови откриле дека лекот може да ја блокира репликацијата на вирусот, кој предизвикува Kовид-19, но со многу повисока концентрација на „ивермектин“. Токсичните последици од тие повисоки дози не можат да се исклучат, додава Агенцијата.

МИА/Фото: Photo by Adam Nieścioruk on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Багер во центарот на Скопје удрил во 66-годишна жена која починала на лице место

Редакција

Нови 617 случаи на Ковид-19 од 4.621 тестирања

Редакција

Притворениот екс директор на УБК, Атанасовски неможе да се сети кај се бил на 27 април

Редакција