еМагазин
Image default
Балкан

Бранислав Лечиќ за обвинувањето за силување: „Гнасна лага која се обидува да ме дискредитира“

Претседателот на движењето Демократи на Србија, актер и поранешен министер за култура,  Бранислав Лечиќ, обвинувањето од страна на актерката Даниела Штајнфелд дека ја силувал, го оцени како „гнасна лага“ која го дискредитира, пренесува rs.n1info.com.

„Апсолутно ги почитувам законите и правните институции на оваа држава, и подготвен сум, во кој било момент да одговарам во Обвинителство на ваквите обвинувања.

Се работи за гнасна лага, која ме дискредитира,“ навел Лечиќ во соопштението по повод обвинението од страна на актерката Даниела Штајнфелд.

Водителката на емисијата „Минута до 12“, Христина Стојиљковиќ, исто така објавила СМС пораки кои Лечиќ и ги испраќал пред две години, и во кои и предложувал да се состанат, а во кој го коментирал и нејзиниот физички изглед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Актерката Даниела Штајнфелд го обвини Бранислав Лечиќ за силување

Фото: Принтскрин видео/Уранак1 на К1

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Покренато обвинение против Мика Алексиќ: Обвинителство бара продолжување на притворот

Редакција

За влез во Грција на Промахонас задолжителен негативен тест за Ковид-19

Редакција

Кога бугарското Националното собрание ќе расправа за Македонија?

Редакција