еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Пратениците знаат само да блокираат, да работеа во приватна фирма досега ќе добиеа отказ

Македонија по се изгледа го има еден од најнефункционалните парламентарни состави досега.

Со месеци поради пандемијата со Ковид-19, лабавото парламентарно мнозинство, но и поради постојаните блокади од страна на опозициските партии, Собранието е парализирано и неможе да донесе бројни законски решенија, важни за граѓаните и бизнисот.

Така е и сега, кога фирмите и граѓаните чекаат пратениците кои тие ги избрале и плаќаат да си ја завршат работата и да ги усвојат потребните законски решенија за да добијат финансиска помош од државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Собранието пак нема кворум: Додека граѓаните и фирмите чекаат пари, пратениците со меѓусебни обвинувања

Оваа не е ништо ново кога е во прашање македонскиот Парламент.

Вчера претседателот на Собранието, Талат Џафери обвини дека опозицијата ја злоупотребува здравствената состојба на пратениците, во услови на Ковид-19, и оти пред него се поставуваат ултимативни предлози, што не може да ги прифати, па реши да ја одложи собраниската седница на која на дневен ред се и точки поврзани со мерките за Ковид-19.

Убаво е што Џафери покажа загриженост, но рака на срце, и нему лично, многу добро му е познато како изгледа блокада на Собрание. Пред неколку години тој блокираше закони со молчење и читање поезија. И тие закони беа важни за граѓаните.

Проблемот е што македонските пратеници постојано ја блокираат работата на Собранието и исто го користат исклучиво за себепромоција и промоција на партијата. По се изгледа, за жал, најдобри се исклучиво за блокади.

Исто важи и за пратениците на СДСМ, и тие многу добро знаат како изгледа блокада на Собранието. И тие бројни пати го правеле тоа кога биле во опозиција.

Ништо поразлични не се и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а врв во моменталната состојба е однесувањето на пратениците од Алтернатива и Алијанса за Албанците, кои со по над 1.000 амандмани ги блокираат сите закони, оти не им поминал предлогот – законот за државјанство.

Така ќе работеле додека не им помине тоа законско решение. А како да им помине тој закон? Во која земја државјанство се зема со три сведоци?

Нивниот кординатор Скендер Реџепи дури се „прослави“ со изјавата дека лица од бизнис фелата им рекле дека може да истраат уште еден месец без плати, бидејќи сакале да дадат придонес за граѓаните кои воопшто немаат државјанство.

Бреј, баш не интересира кои се тие бизнисмени на кои се повикува Реџепи. Ако воопшто постојат.

Срамота е за сите пратеници во македонскиот Парламент што се однесуваат вака. Наместо десет минути вчерашната кординација на кординаторите можела да потрае неколку часа и да направат договор, ама ете не го направиле тоа. Можеле да се затворат во Собрание и цела вечера, ама по се изгледа имаат попаметна работа.

Да работеа во приватна фирма досега сите ќе добиеа отказ. А наместо тоа тие редовно си земаат плата, за кажи – речи ништо.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет највисоки плати

Редакција

Русија побара од Врховниот суд да го прогласи украинскиот Азовски полк за терористичка организација

Редакција

Македонија и Црна Гора заеднички ќе аплицираат за воведување на системот „Пејпал“

Редакција