еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Да ги исполниме обврските кон Скопје и Тирана, напредокот на цела ЕУ да не се блокира поради билатерални прашања, порача германскиот министер Рот

Германскиот министер за Европа, Михаил Рот денеска за време на одржувањето на Советот за општи работи на ЕУ, објави на Твитер дека Европската Унија без одложување треба да ги исполни обврските кон Северна Македонија и Албанија.

„Ве молам. Билатералните прашања да се решаваат билатерално, без блокирање на напредокот на целата Европска Унија. Да размислиме стратегиски и да разбереме: треба да ги исполниме нашите обврски кон Албанија и Северна Македонија СЕГА, плус немаме интерес да оставаме стратегиски вакум таму. Благодарам,“ твитна Рот.

Претходно, пред одржувањето на министерскиот Совет, Рот ја повтори германската позиција дека билатералните прашања не смеат да го попречуваат процесот на проширување.

Како што претходно јави дописничката на МИА од Брисел, министрите за европски работи на ЕУ дебатираа за усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија, а според дипломатски извори од ЕУ, Бугарија одбила да попушти.

Дебатата за проширувањето претпладнево на министерскиот состанок во Луксембург била прилично интензивна, пренесуваат дипломатите, посебно во однос на Северна Македонија и бугарската блокада.

Според присутните, најнастојчива била Германија, која покажала силна заложба за почетокот на преговорите со земјава. На Софија и било предочено повторно дека во прашање е кредибилитетот на целата ЕУ и критиките на земјите членки кон позицијата на Бугарија биле „многубројни“, велат дипломатите во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија не попушта за Македонија, ЕУ не сака одвојување од Албанија 

Шансите ни се мали: Денеска клучен министерски совет на ЕУ за преговорите со Македонија

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државата ќе треба да плаќа отштета на калуѓерки на МПЦ поради забрана да основаат црква

Редакција

Ненадејно почина поранешниот пратеник Сашко Костов од Кочани

Редакција

И пописот во Бугарија покажа дека таму живеат Македонци

Редакција