еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Мехмедовиќ за СП: Не е добро да се комбинираат вакцините, влегуваме на непознат терен

Не е добро да се комбинираат вакцините, односно да се прима трета доза од „Фајзер“, ако претходно се примени две дози од друг производител, вели за „Слободен печат“ доктор Злате Мехмедовиќ.

Тој нагласува дека испитувањата за вакцината „Фајзер“ се правени само во Америка, а таму ги нема вакцините на „Спутник“, „Синовак“ и „Синофарм“, што значи дека не е познато како ќе реагираат граѓаните доколку примат ваква комбинација на вакцини.

– Мојот став е дека доколку се аплицира трета доза вакцина, таа треба да биде соодветна на првите две примени вакцини.

Не можам да го коментирам ставот на Министерството за здравство да ги комбинира вакцините, односно да ревакцинира со „Фајзер“ граѓани кои претходно примиле вакцина од друг производител.

Но, морам да напоменам, за да знаат граѓаните дека компанијата „Фајзер“ има податоци само за пациенти од американско подрачје, каде што ги нема вакцините што ги има кај нас, затоа и сметам дека влегуваме на непознат терен, со комбинација со вакцини од различни производители.

На пример, во Америка, вакцинираните со „Модерна“ или „Џонсон и Џонсон“, не ги ревакцинираат со „Фајзер“, објаснува за СП, Мехмедовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трета доза на вакцина ќе може да примаат и граѓаните вакцинирани во странство

Д-р Стојанов: „Истовремено може да се вакцинирате и со трета доза против Ковид-19 и сезонски грип“

Фото: Мехмедовиќ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Редакција

Проф. Трајковски: Новиот сој омикрон во Македонија ќе пристигне пред новогодишните празници

Редакција

Светски ден за борба против СИДА: Во земјава од ХИВ/СИДА починале 123 лица

Редакција