еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Трета доза на вакцина ќе може да примаат и граѓаните вакцинирани во странство

Министерството за здравство соопшти дека почнувајќи од денеска со трета доза вакцина може да се вакцинираат, здравствените работници, граѓаните над 60 години и лицата кои имаат имунокомпромитирана здравствена состојба, а кај кои има поминато шест месеци од примената ревакцина.

„Во текот на минатата седмица, јавните здравствени организации беа информирани дека здравствените работници независно од возраста, може да примаат трета доза вакцина, во кој било од вакциналните пунктови во земјава.

Трета доза вакцина може да примат и граѓаните кои се вакцинирале во странство.Тие, задолжително на вакциналните пунктови, претходно ќе мора да приложат валиден документ од примените две дози вакцина, како би биле евидентирани во националниот систем „Мој Термин“,“ се вели во соопштението.

Трета доза вакцина може да се прими без да се закажува термин, како што е и за првите две дози. Вакцинацијата со трета доза се спроведува на сите вакцинални пунктови во државата, каде во тек е вакцинација и ревакцинација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од утре трета доза ќе може да примаат граѓаните над 60 години, здравствените работници и лица со имунолошки болести

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „Титаник“ одложено за 17 февруари

Редакција

Заев за Анѓушев: Имам разбирање ако сака да се повлече

Редакција

Ревакцинирани се вкупно 223.014 граѓани, вчера се вакцинирале 14.525

Редакција