еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од утре трета доза ќе може да примаат граѓаните над 60 години, здравствените работници и лица со имунолошки болести

Министерот за здравство Венко Филипче, најави дека граѓаните над 60 години, здравствените работници и лица со имунолошки болести со потврда од утре ќе можат да примат трета доза вакцина против Ковид -19.

– Граѓаните над 60 години согласно временскиот период после примената втора доза на вакцина ќе добијат порака да се вакцинираат, притоа таа порака ќе биде потсетување во смисла дека нема посебен термин или пункт, може да одат каде било најблиску до местото на живеење.

И понатаму ќе функционира пунктот во салата „Борис Трајковски“, во сите други поликлиники тука во Скопје и ширум државата, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање, за скринингот во училиштата министерот Филипче рече дека најверојатно ќе започне за две недели.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тачи: ИВЗ и Бујар Османи се одговорни за зголемениот број заразени

Редакција

Просечната каматна стапка на нови кредити на историски најниско ниво

Редакција

Лекарите и медицинските сестри од Воениот медицински центар и студенти од денеска волонтираат во ковид центрите

Редакција