еМагазин
Image default
Свет

Данската и помагала на американската тајна служба во шпионирање на Меркел

„Денмаркс“ радио објави дека Тајната служба на Данска ѝ помагала на американската Национална агенција за безбедност (НСА) во шпионирањето на европски политичари, вклучително и на германската канцеларка Ангела Меркел.

Шпионирањето се случувало во периодот од 2012 до 2014 година.

НСА, наводно имала пристап до СМС-пораките и телефонските разговори на истакнати лица од Европа на тој начин што во соработка со данската тајна служба се поврзала со данските интернет-кабли.

Данското радио направило интервјуа со девет извори за кои се тврди дека имале пристап до класифицираните информации на тајната служба.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грета Тунберг е личност на годината според „Тајм“

Редакција

Tемелно чистење на Белата куќа пред доаѓањето на новите станари

Редакција

Војната во Украина покажа дека Европа не е доволно силна за сама да и се спротистави на Русија, оцени финската премиерка Марин

Редакција