еМагазин
Image default
Свет

Tемелно чистење на Белата куќа пред доаѓањето на новите станари

За само пет часа, цела армија помошен персонал ќе треба да ја подготват Белата куќа за новите станари, двојката Џо и Џил Бајден.

Претседателот во заминување Доналд Трамп се очекува да се исели околу 8 часот наутро, по локално време, а потоа ќе почне комплицирана операција за чистење и подготвување на бројни простории во Белата куќа за новиот претседател и неговата сопруга.

Додека тоа се прави, Трамп ќе отпатува во новиот дом во Мар-а-Лаго, кој е веќе подготвен за него, кој специјално за таа пригода купи нов 60-инчен телевизор и симулатор вреден 50.000 американски долари. Покрај тоа, за Флорида е испратена колекција на костуми како и багажот на Меланија Трамп спакуван во луксузни куфери од Луј Витон.

Секоја промена на станарите во Белата куќа е комплицирана операција, но оваа сега е уште поголема затоа што семејството Трамп не ја следеше вообичаената процедура. Имено, вообичаено е семејството кое ја напушта Белата куќа да ги покани оние кои се пред влез на разгледувaње, а тоа особено важи за првите дами. Меланија Трамп не го следеше тој обичај, па затоа нема покана за г-ѓа Бајден да го разгледа нејзиниот иден дом.

Предметите на Доналд Трамп и Меланија се веќе спакувани и чекаат пред Белата куќа да бидат пренесени до Палм Бич.

Бидејќи инаугурацијата ќе трае пократко оваа година, се очекува семејството Бајден да дојде порано во Белата куќа.

Оваа година нема парада или празничен ручек, па сето ова ќе го скрати времето за реновирање на Белата куќа.

МИА Фото: емагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европа ја доживеа втората најтопла зима во историјата

Редакција

(ВИДЕО) Неконтролирано тресење: Како изгледа заразен од коронавирусот

Редакција

Сингапур ќе биде една од првите земји во светот што ќе воведе автоматизирана гранична контрола без пасоши

Редакција