еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Грција почна да издава дигитален сертификат за вакцинација против Ковид-19

Започнува издавањето на дигиталниот сертификат за вакцинација, тоа е уште една грчка иновација, рече премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис за време на состанокот за текот на спроведувањето на националниот план за вакцинација и додаде дека оваа потврда не значи ограничувања, туку олеснување на движењето и патувањето, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер објасни дека сертификатот е за потврдување на законската вакцинација и е за лична употреба на граѓаните и уште еднаш го повтори предлогот до ЕУ за „единствен сертификат по европски стандарди“.

– Сакам да истакнам дека не станува збор за никакво ограничување, туку напротив ќе ни олесни да се ослободиме од рестрикциите што сега ги наметнува Ковид во патувањата на европските граѓани. Т

оа е нешто што особено се однесува на нашиот туризам и перспективите на нашата економија, особено во пресрет на летната сезона, рече Мицотакис и додаде дека засега, овој предлог наидува на топол прием.

За конкретниот грчки предлог ќе се дискутира на утрешниот Самит на ЕУ, а Мицотакис изрази надеж дека ќе се постигне договор за единствен систем за сертификација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Kовид пасошите“ добија поддршка од Словенија

Поделени мислења околу „Ковид-пасоши“ во ЕУ: Ќе може ли да се патува само со вакцина против вирусот?

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Ова што се случува мора да заврши со предвремени парламентарни избори

Редакција

Ќе ја забрани ли Владата пластиката за еднoкратна употреба по примерот на ЕУ?

Редакција

Во Центар Жупа повторно не е обезбеден цензус и не е избран градоначалник

Редакција