еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Поделени мислења околу „Ковид-пасоши“ во ЕУ: Ќе може ли да се патува само со вакцина против вирусот?

Поделени се мислењата во Европската Унија околу предлогот на Грција да се воведе единствен европски сертификат како доказ за вакцинација за граѓаните против Ковид-19 за да можат слободно да се движат.

Романскиот претседател Клаус Јоханис оцени дека предлогот не е добар, посочувајќи на можноста за дискриминација.

Романскиот претседател исто така кажа дека масовната вакцинација против Ковид-19 е единственото решение што е можно побрзо сите да се вратат во нормала.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис предложи ЕУ да воведе единствен (унифициран) сертификат за вакцинација против коронавирусот, кој ќе важи за сите земји членки и ќе го олесни патувањето.

Во писмото до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Мицотакис истакнува дека вакцинацијата нема да биде задолжителна или предуслов за патување, но вакцинираните лица ќе можат да патуваат слободно.

Лидерите на Европската унија ќе разговараат за барањата за воведување на европски сертификат за вакцинација, т.н. Ковид-пасош на видео состанок на 21 јануари.

Европската комисија (ЕК) потврди дека добиле писмо од Мицотакис, во кое, меѓу другото, се бара воведување на потврда за вакцинација за патувања во рамките на ЕУ.

„Во моментов имаме многу прашања во контекст на пандемијата со која се справуваме, почнувајќи од стратегијата за вакцинација, до она што ќе го сториме кога граѓаните ќе се вакцинираат. Сето тоа ќе биде дел од разговорите и со земјите-членки“, наведуваат од ЕК.

Во писмото испратено до Фон дер Лејен, Мицотакис повикува на итно усогласување на позициите на сертификатот за вакцинација, што, според него, ќе помогне во обновување на патувањата и туризмот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полесно до грчките плажи ако сте вакцинирани против Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца полицајци од Штип добија кривична, употребиле прекумерна сила при апсење

Редакција

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони склучи договор со Зобек мининг груп вреден 8,2 милиони евра

Редакција

Средба Ковачевски-Пич: Безбедноста и евроинтеграциите во фокусот на разговорите

Редакција