еМагазин
Image default
Македонија

После изборите во Бугарија може да биде само полошо за решавање на несогласувањата со Скопје, порачува Захариева

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева за БТВ одговарајќи на прашањето како ги коментира изјавите од Скопје, дека се чека завршување на изборите во Бугарија за да се решат несогласувањата со Софија кои ги блокираат преговорите за членство во ЕУ, рече дека тоа е апсолутно погрешно.

„Идејата дека нешто ќе се промени по изборите во нашата земја е погрешна. Наместо тоа, ако нешто се промени, тоа ќе биде на полошо“, рече таа.

Таа смета дека како никогаш досега постои консензус во бугарскиот парламент по прашањето за односите со Македонија и дека позицијата на бугарскиот Парламент во однос на темата за Македонија е едно од чудата, бидејќи реткост е да бидеме толку едногласни за било што.

“И бугарското општество и бугарските партии имаат многу сличен став на оваа тема“, вели таа.

Според Захариева, проблемот за јазикот е една од заблудите што, како што вели Pепублика Северна Македонија се обидува да ги наметне.

„Ние сакаме да ги надминеме стереотипите од минатото, да престанеме да образуваме и да основаме нација заснована на антибугарски став, да ставиме крај на говорот на омраза, да ставиме крај на образованието кое промовира омраза кон бугарскиот јазик.

Ова е она што го сакаме, што според мене не е ништо комплицирано, но очигледно многу комплицирано според нив“, вели таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тролови од Македонија го воспеваат Бојко Борисов во Бугарија

Еурактив открива детали што содржи Акцискиот план што Бучковски го доби од Захариева

Исамедин Азизи нов член на заедничката Комисија со Бугарија

Фото: Фејсбук/Захариева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шест поранешни пациенти на Штипска ортопедија заболени од Хепатит Ц

Редакција

Нови 141 случаи на заразени од корона вирусот

Редакција

Од Ковид-19 починале 11 лица, најмладиот на 33-годишна возраст, имал дијабет тип 2 и не земал терапија

Редакција