еМагазин
Image default
Македонија

Тролови од Македонија го воспеваат Бојко Борисов во Бугарија

Иако датумот за парламентарните избори во Бугарија се уште не е познат, а официјално не е започната ниту предизборната кампања, анонимни лица веќе потрошиле десетина илјади евра за да го воспеваат бугарскиот премиер Бојко Борисов на Фејсбук, пишува истражувачкиот портал Офњуз (OFFNews), пренесува Дојче веле.

Две Фејсбук страници за помалку од три месеци платиле точно 9.839 евра за реклама во полза на премиерот Бојко Борисов.

Се работи за страниците „Vozhda” и „Zeitgeist България”.

Она што според бугарскиот портал е особено интересно во случајот е фактот што меѓу модераторите на овие страници се појавуваат и лица од Северна Македонија.

„Интересното е што меѓу модераторите на страниците има и Македонци. Изгледа дека зад двете страници стојат истите луѓе, а уште поверојатно е дека се работи за Пи-Ар агенција“, пишува Офњуз.

Страницата „Vozhda“ е создадена на 29 октомври минатата година, во Бугарија, но двајца од шестмината администратори се од Северна Македонија. Нивните имиња се непознати, а од страницата не одговориле на прашањата на Офњуз.

Страницата „Бермудски триаголник“, финансирана од вториот споменат рекламер „Zeitgeist България” исто така била активна во последните три месеци, а во неа, еден од четворицата модератори е од Северна Македонија.

Од владејачката ГЕРБ на премиерот Борисов за Офњуз изјавиле дека немаат ништо заедничко со двете Фејсбук страници и дека не плаќаат реклами на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

После изборите во Бугарија може да биде само полошо за решавање на несогласувањата со Скопје, порачува Захариева

Фото: Фејсбук/Борисов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Рашковски ќе му се суди за набавката на софтверот и перење пари, одборено обвинението

Редакција

Матичните лекари заборавени за зголемување на платите: Ја понесоа тежината од ситуацијата со корона вирусот и сами си купуваа заштитна опрема

Редакција

Заев не се сретнал со Орбан во Хрватска

Редакција