еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Полесно до грчките плажи ако сте вакцинирани против Ковид-19

Напролет, македонските туристички агенции со кои разговараше еМагазин очекуваат конечно по точно една година, соседна Грција да ја отвори границата за македонските граѓани.

Секако конечната одлука, како што коментираат во агенциите, за отварање на границата, но и под кои услови, ќе ја донесат грчките власти, кои деновиве преку министер за туризам, Харис Теохарис соопштија дека и годинава ќе биде сложено да се стигне до грчките плажи.

ВАКЦИНИРАНИ И НЕВАКЦИНИРАНИ ТУРИСТИ

Теохарис во интервју за грчка protothema.gr вели дека до крајот на пандемијата со Ковид-19, во Грција ќе има две категории туристи – тие што се вакцинирани против Ковид-19 и оние кои не се.

Како што стојат моментално работите, вакви поделби за туристи, но и за обични патници, ќе има и во други земји, а како што е познато и некои авионски компании веќе најавија дека за патниците ќе бараат сертификат дека се вакцинирани, кој ќе се издава и во Грција и повеќето европски земји.

Теохарис во интервјуто објасни дека вакцинираните туристи нема да мора да бидат тестирани или да им биде одредуван карантиран ако покажат потврда за вакцинација при влез во земјата.

За тие пак кои не биле вакцинирани, мерките за контрола на границата ќе бидат зголемени и ќе зависат од текот на вакцинацијата и епидемиолошката состојба во земјите од каде доаѓаат.

Во Македонија вакцинацијата се уште не е започната, а поголеми количини од вакцината се очекуваат во март и април. Сепак овие вакцини ќе бидат наменети пред се за здравствените работници и лицата над 65 години и тие со хронични заболувања, а за сега не е познато кога ќе има вакцина за секој што ќе посака. Голема е веројатноста тоа да се случи дури наесен, а можеби и подоцна.

СРБИТЕ СЕ ОРГАНИЗИРААТ, ВО МАКЕДОНИЈА МОЛК

Додека во Македонија се уште нема никаква реакција ни од властите, ни и од бизнисот по овие најави од Грција, српските медиуми пишуваат дека српската министерка за туризам Татјана Матиќ веќе разговарала со грчките власти и побарала до март точно се утврдат условите под кои српските граѓани ќе можат да патуваат во Грција.

Таму веќе се преговара и под какви услови ќе може да се летува и во Црна Гора, Египет, Хрватска…

Од тамошните туристички агенции за медиумите велат дека во март ќе биде познато дали Грција ќе дозволи летување на српски туристи оваа сезона.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Симнато знаме на МПЦ од храмот на Попова Шапка и ставено знамето на Албанија

Редакција

Македонски државјани „гарант” за косовски граѓани во обидите од Драч да заминат за Италија

Редакција

Започна судењето против министерот Османи за навреда и клевета

Редакција