еМагазин
Image default
Свет

Меркел ќе има пензија од 15.000 евра

Според проценките на Германската асоцијација на даночни обврзници, германската канцеларка Ангела Меркел ќе добива месечна пензија од речиси 15.000 евра откако ќе се повлече од функцијата.

Шеесет и седумгодишната Меркел ќе се пензионира по парламентарните избори во септември.

Пресметките се базираат на нејзиниот долг престој во Бундестагот, како и годините во кои била федерален министер и канцелар.

Како и сите поранешни германски претседатели и канцелари, така и Меркел ќе има право на своја канцеларија кога ќе ја напушти функцијата. Таа исто така ќе добие средства за менаџер на канцеларија, двајца асистенти, дактилограф и личен возач, јави ДПА.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина 4 милиони

Редакција

(Вознемирувачко видео) Некои од телата во Буча лежеле на улица со недели

Редакција

(Видео) Оваа се новинарите кои не известуваат што се случува во Газа

Редакција