Мермерен Комбинат АД Прилеп (“Друштвото”) за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2021 оствари приходи од продажба во износ од 831,592 илјади денари што претставува зголемување за 76.6% споредено со истиот период од изминатата година, информираат од Друштвото преку Македонската берза.
“Остварената оперативна добивка за периодот е во износ од 455.693 илјади денари споредено со остварената оперативна добивка за истиот период во 2020 година во износ од 234.316 илјади денари што претставува зголемување од 94.48%.
EBITDA за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2021 година изнесува 527.381 илјади денари наспроти остварениот износ од 304.684 илјади денари истиот период од изминатата година, или зголемување за 73.09%.
Крајниот резултат по оданочување за првиот семестар од 2021 година е позитивен и изнесува 412.267 илјади денари наспроти остварената добивка за истиот период од минатата година од 233.553 илјади денари и покажува зголемување од 76.52%.
Оперативните расходи изнесуваат 404.808 илјади денари и се повисоки за 6.24% во однос на истиот период од минатата година.
Евидентирано е намалување на трошоците за материјали и суровини за 3.17%, а на расходите за вработени зголемување за 14.48%.
Трошоците за надворешни услуги се зголемени за 1.93%. Трошоците за амортизација изнесуваат 69,403 илјади денари и тие се повисоки за 0.31% во однос на минатата година“, велат од Друштвото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прилепски „Мермерен комбинат“ неколкукратно ја зголеми добивката
Мермерен Комбинат лани со намалена добивка