еМагазин
Image default
Бизнис

Мермерен Комбинат лани со намалена добивка

Мермерен Комбинат АД Прилеп (“Друштвото”) за периодот од 1 јануари до 31 декември 2020 година оствари приходи од продажба во износ од 1,365,085 илјади денари што претставува намалување за 38.6% споредено со истиот период од изминатата година, информира компанијата преку Македонската берза.

„Остварената оперативна добивка за периодот е во износ од 541,137 илјади денари споредено со остварената оперативна добивка за истиот период во 2019 година во износ од 1,371,989 илјади денари што претставува намалување за 60.56%.

EBITDA за периодот од 1 јануари до 31 декември 2020 година изнесува 684,574 илјади денари наспроти остварениот износ од 1,480,023 илјади денари истиот период од изминатата година, или намалување за 53.75%.

Крајниот резултат по оданочување е позитивен и изнесува 511,377 илјади денари наспроти остварената добивка за истиот период од минатата година од 1,237,782 илјади денари и покажува намалување за 58.69%.

Оперативните расходи изнесуваат 862,049 илјади денари и се пониски за 5.17% во однос на истиот период од минатата година“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Даночниот експерт Павле Гацов: Од прогресивниот данок најголема добивка ќе има државата

Редакција

Трим Ќемали именуван за член на Надзорниот одбор на ТТК Банка

Редакција

Во блок-трансакција продадени 500 акции од „Алкалоид“ за 4,2 милиони денари

Редакција