еМагазин
Image default
Бизнис

Мермерен комбинат со добивка во првото полугодие

Мермерен комбинат АД Прилеп за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2023 оствари приходи од продажба во износ од 807,455 илјади денари, што претставува намалување за 8.1% споредено со истиот период од изминатата година, информираат од Друштвото преку Македонската берза.

-Остварената оперативна добивка за периодот е во износ од 403,494 илјади денари споредено со остварената оперативна добивка за истиот период во 2022 година во износ од 435,591 илјади денари, што претставува намалување за 7.37%.

ЕБИТДА за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2023 година изнесува 473,250 илјади денари наспроти остварениот износ од 504,684 илјади денари истиот период од изминатата година, или намалување за 6.23%.

Крајниот резултат по оданочување е позитивен и изнесува 391,397 илјади денари наспроти остварената добивка за истиот период од минатата година од 393,428 илјади денари и покажува намалување за 0.52%.

Оперативните расходи изнесуваат 424,046 илјади денари и се пониски за 3.98% во однос на истиот период од минатата година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Успешна понудата за преземање на Мермерен комбинат од страна на Долит Инвестментс

Долит Инвестментс ги презеде сите акции на Мермерен комбинат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТТК Банка ја зголеми добивката за 36,6% во првото полугодие

Редакција

Министерството за одбрана склучи договор со Енерџи деливери солушнс вреден 3 милиони евра

Редакција

Собранието изгласа: Недела неработен ден од 1 јануари

Редакција