Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков денеска се пријавил во затворот во Струга за отслужување на тригодишната затворска казна за случајот „Империја“, потврди за МИА Управата за извршување на санкции.
Претходно Мијалков склучи спогодба со Обвинителството за непријавен имот во случајот „Империја“, по што ја смени адресата на живеење од Скопје во Охрид, што му овозможи казната да ја служи во затворот во Струга.
Затворот во Струга е од отворен тип, односно осуденикот може да излегува во текот на денот, а таму само да преноќува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Канческа-Милевска, Антиќ, Тодевска на мекици кај Мијалкови за првата внука
По Кичеец и Камчев и Мијалков стана жител на Охрид: Затворската казна ќе ја издржува во Струга
МИА/Фото: МИА