еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

МИА и бугарска БТА потпишаа Договор за размена на информации и професионална соработка

Договор за размена на информации и професионална соработка, потпишаа денеска во Рим, директорите на Медумската информативна агенција – МИА и на Бугарската телеграфска агенција – БТА, Драган Антоновски и Кирил Волчев.

Договорот беше потпишан во канцеларијата на делегацијата на Европската Унија во Рим, во присуство на претседателите на Северна Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев.

Договорот предвидува размена на информативните сервиси меѓу двете агенции, а согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка МИА и БТА ќе преземат ефективни мерки во размената на информации за да избегнат злонамерна пропаганда и поттикнување насилство, омраза или други слични активности што би им наштетиле на односите на двете земји.

Антоновски по потпишувањето потенцира дека двете агенции со овој Договор се обврзале да преземат засилени активности во борба против лажните вести и манипулации.

МИА и БТА, нагласи Антоновски, ќе ја зајакнат соработката во насока на вистинско информирање на граѓаните, за да дознаат што навистина се случува во Северна Македонија и Бугарија.

Тој додаде дека мисијата на двете агенции ќе биде пред се уривањето на лагите, кои предизвикуваат штета во непречено унапредување на односите меѓу двете држави.

Директорот на БТА Волчев, изрази задоволство од потпишувањето на договорот за соработка меѓу двете агенции, напоменувајќи оти самиот чин на потпишување во рамки на одбележувањето на светите браќа Кирил и Методиј дава посебно значење во насока на промоција на писменоста од страна на медиумите.

-Ние од БТА и МИА сме должни според светските стандарди на информативните агенции да говориме на еден јазик, тоа е јазикот на фактите и вистината и да се бориме против лагата, истакна Волчев.

Додаде дека согласно Договорот предвидени се и професионални посети на новинари, вклучително и од двете агенции, радио и телевизиски презентери и други лица од областа на медиумската и информативната активност, кои ќе се реализираат од оваа есен.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Македонија

Редакција

(Галерија) Пендаровски го посети музејот посветен на архитектот Доксијадис, кој учествувал во планот за реконструкција на Скопје по земјотресот

Редакција

Вучиќ ќе отвори брза лента за Македонците и за Албанците, Европејците ќе си чекаат

Редакција