еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски: Антикорупциска внимателно да го следи случајот „Броило“

Се надевам дека Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) многу сериозно ќе му пристапат на случајот „Броило“ истакна денеска на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој одговарајќи на новинарски прашања по претставувањето пакет мерки за ублажување на последиците од кризата  рече дека внимателно ќе го следат процесот за аферата „Броило“, што според него е „воено профитерство на Ковачевски и лош пример за сите во државата кои што имаат такви амбиции“.

– Гледам дека денеска има став од Антикорупциска комисија, од претседателката Билјана Ивановска дека таа не видела случај без да ја види претставката која што евентуално како политичка партија би ја поднеле до Државната комисија за спречување на корупцијата.

Се надевам дека нема така експресно да делуваат како што тоа го направи денеска предвреме на прашање на еден медиум, и се надевам дека многу сериозно ќе му пристапат на овој случај, затоа што многу внимателно ќе го следиме овој случај, бидејќи во услови на криза некој профитира на грбот на граѓаните, тоа на времето ги викаа воени профитери, народот едвај крај со крај врзува, од први до први, компаниите се борат едвај да опстанат а некој на грбот на народот профитира, тргува со влијание.

Тоа не е добро, тоа е многу лошо и тоа е лош пример за сите во државата кои што имаат такви амбиции, затоа многу внимателно нека го гледаат и ние ќе го следиме внимателно овој процес, истакна Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска нема да отвори постапка против Ковачевски за „Броило“

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со изведување на докази од Обвинителството продолжи судењето за случајот „Плацеви на Водно“

Редакција

Македонија да признае дека македонскиот јазик и идентитет имаат бугарски корени, ако не вето, порачува Захариева

Редакција

Завршни зборови на одбраната за случајот „Монструм“

Редакција