еМагазин
Image default
Македонија

Антикорупциска нема да отвори постапка против Ковачевски за „Броило“

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска вели дека нема основа за отворање случај против премиерот за случајот „Броило“, откако тоа го побара опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Кога стапи на функција заменик министер за финансии, премиерот Димитар Ковачевски во својот анкетен лист уредно пријави сѐ што поседува. Од податоците во анкетниот лист имаме сознанија дека тој не учествува во управувањето, а ги продал и сопственичките удели во фирмата.

Оттука нема основ за покренување постапка за утврдување судир на интереси.

Согласно Законот за спречување корупција и судир на интереси функционерот кога стапува на функција управувањето на фирмата треба да му го довери на друго лице кое не е член на неговото семејство. Во случајов, тој не е ниту сопственик, ниту управител, вели во изјава за МКД.мк претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

ВМРО-ДПМНЕ побара Антикорупциска комисија да отвори предмет со кој ќе истражи дали премиерот Димитар Ковачевски е вмешан во криминал вреден 26 милиони евра во врска со бизнис за производство на струја.

Опозициската партија на прес-конференција на почетокот на месецов изнесе тврдења „дека фирми основани од премиерот Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов злоупотребувале државни тендери вредни 26 милиони евра“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е компанијата КМГ ЕОЛ Квазар од аферата „Броило“ на ВМРО-ДПМНЕ

Која е Пиксел груп, која се спомнува во аферата „Броило“, која ја обелодени ВМРО-ДПМНЕ

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

58,8% од новозаразените со Ковид-19 имале контакт со потврден случај, а 21 лице е со претходни заболувања

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 74 пациенти, а вкупно се лекуваaт 666

Редакција

Од Македонија неделава имало јавувања во Бугарија за да не се реши спорот, тврди Османи

Редакција