еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Пиксел груп, која се спомнува во аферата „Броило“, која ја обелодени ВМРО-ДПМНЕ

Пиксел груп, која се спомнува во аферата „Броило“, која ја обелодени опозициската ВМРО ДПМНЕ е основана во 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е компанијата КМГ ЕОЛ Квазар од аферата „Броило“ на ВМРО-ДПМНЕ

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ обелодени афера „Броило“: „Ковачевски преку кумот и семејни врски, вртат милионски суми во енергетскиот бизнис“

Станува збор за технолошка компанија за производство и развој на монокристални и поликристални фотоволтаични соларни модули и фотоволтаични термални модули, прва компанија од овој тип отворена во Македонија.

Има годишен капацитет на производство од 250 мегавати на монокристални и поликристални соларни модули.

Се простира на површина од 4.000 метри квадратни и има 30 вработени.

Кој ја основа

Основачи на компанијата се актуелниот премиер Димитар Ковачевски и Горанчо Паунов.

На свеченото отварање на работата на компанијата присуствуваше и тогашниот премиер Зоран Заев.

Откако стана заменик-министер за финансии (пред да стане премиер и лидер на СДСМ), Ковачевски се повлече од сопствеништвото на оваа компанија, а во исто време се повлече и од втората фирма „Токио комуникации“.

Што велат од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков вчера ја обелодени аферата „Броило“ во која според партијата „фирми основани од премиерот Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис“.

„Пиксел груп – фирма основа од Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов, заедно со фирмата КМГ ЕОЛ Квазар, фирма само на кумот Паунов, се вмешани во бизниси во вредност од 26 милиони евра.

Во соларниот картел, Ковачевски и неговиот кум Паунов, по основањето на Пиксел груп, во 2018 година градат фабрика за производство на фотоволтаични панели во Кочани.

Фирмата станува централна во бизнисот, околу која се вртат 26 милиони евра.

Аферата „Броило“ е шема која покажува како преку Пиксел груп и фирмата КМГ ЕОЛ Квазар соларниот картел ги свртеле парите.

Само од државни тендери во изминативе неколку години овие фирми инкасирале 1.8 милиони евра“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што велат од Пиксел груп за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Што велат од Пиксел груп

Во време на светска енергетска криза кога на нашата Македонија, но и на целиот свет, му е насушно потребен секој произведен мегават електрична енергија, сметаме дека е под секое ниво, името на нашата компанија, како и на нашата компанија-мајка КМГ ЕОЛ Квазар, да се злоупотребуваат во дневни полички препукувања и безначајни прес-конференции, кажувајќи единствено лаги и класични манипулации за да се замајува јавноста, соопшти компанијата Пиксел груп.

„Затоа, најостро го осудуваме секој обид за дискредитација и нашата групација да се доведе во корелација со било каква политичка структура“, посочуваат од Пиксел груп.

Фото: Пиксел груп/Фејсбук/МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Македонија доби „Премиум“ деловен центар: Како изгледа

Редакција

Уште едно лице од Куманово почина од корона вирусот

Редакција

Литургии по повод Велигден во сите православни храмови низ државата

Редакција