еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

ГЕРБ на Бојко Борисов победи на парламентарните избори во Бугарија

Податоците на социолошката агенција „Галуп“ од паралелното пребројување на 100 отсто од гласовите покажуваат дека на предвремените парламентарни избори во Бугарија победи коалицијата на Бојко Борисов – ГЕРБ-СДС со 23,5 отсто од гласовите.

Втора е „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и Асен Васелив со 19,5 отсто, јавува дописникот на МИА од Софија.

Движењето за права и слободи доби 15,2%, националистичката партија “Преродба” ги удвои гласовите во однос на последните парламентарни избори во Бугарија и доби 10 отсто, Бугарската социјалистичка партија – 8,9 проценти „Демократска Бугарија” на Христо Иванов – 7 отсто, а партијата на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев, „Бугарски подем“ според овие пресметки влегува во 48. Народно собрание на Бугарија и добива 4,7 проценти.

Под прагот за влез во парламентот остануваат „Има таков народ“ на Слави Трифонов со 3,8 отсто, „Исправи се Бугарија“ на поранешниот народен правобранител Маи Манолова со 1,1%, ВМРО – БНД, 0,8%, а оние кои гласале „Јас никого не поддржувам“ се 3,4 проценти.

Според агенцијата Галуп, излезноста на гласачите на парламентарните избори во Бугарија била 39,5 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Бугарија и по овие избори тешко ќе се формира влада: Анализа на Политико и Блумберг

МИА/Фото: Борисов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

100.000 швајцарски франци пронајдени во пантолоните на возач на гостиварски автобус

Редакција

Кина одби да ги снабдува руските авиокомпании со делови

Редакција

Полицијата завршила со внукот на Ахмети, Обвинителството ќе оцени како ќе постапува, вели Спасовски

Редакција