еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Литургии по повод Велигден во сите православни храмови низ државата

Во сите православни храмови во земјава утрово се одржуваат воскресенски литургии по повод најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, каде од утринава има голем број верници, со литургијата чиноначалствува поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан.

Воскресението Христово беше објавено на полноќ со биење на камбаните во сите храмови на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија.

Годинава, за првпат директно од Ерусалим беше донесен и светиот Благодатниот оган од Базиликата на Светиот Гроб во Ерусалим.

Благодатниот оган, во фенер, на скопскиот аеродром го изнесе делегатот на Светиот архиерејски Синод на МПЦ-ОА, митрополитот Тетовски-гостиварски, г. Јосиф по што од него свеќи запалија присутните претставници на владината и на црковната делегација, кои ја пречекаа делегацијата од Ерусалим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ова е посебен Велигден и значаен момент во македонската црковно-национална меморија, вели Ковачевски

Православните верници го слават Велигден: Христос Воскресе!

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупната бројка 1.117: Регистрирани 36 нови заболени од корона вирусот, 22 во Скопје

Редакција

Приказната на Бони Николова: Како добрата идеја и креативноста може да Ви донесат заработувачка

Редакција

Фљорин Бесими не е повеќе пратеник, Собранието ја констатира неговата оставката

Редакција