еМагазин
Image default
Бизнис

ММФ даде зелено светло за пристап на Македонија до 530 милиони евра преку ПЛЛ-инструментот

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) даде зелено светло за доделување 530 милиони евра на Македонија преку кредитната линија за претпазливост (ПЛЛ – The Precautionary and Liquidity Line) во рок од 24 месеци, информираат од Министерството за финансии.

– Ова е големо признание за економските политики кои се спроведуваат во земјава, бидејќи Фондот овој финансиски инструмент го наменува само за земји со здрави економски фундаменти и со здрави политики, информираа од Министерство.

По финалното одобрување на овој инструмент од страна на Бордот на ММФ, кое се очекува подоцна во текот на овој месец, на нашата земја веднаш ќе и бидат ставени на располагање 110 милиони евра за финансирање на буџетските потреби и за полесно соочување со шоковите кои ги донесе енергетската и ценовната криза.

– Самата намена на инструментот е да пружи ликвидноста поддршка на здрави економии во време на шокови и кризи, каква што е тековната глобална ситуација, појаснуваат од Министерството за финансии.

Во изјавата на мисијата на ММФ се дава признание и на заложбите на Владата за понатамошно спроведување на фискалната консолидација, како и реформите во јавните финансии, пред се новиот Закон за буџети и фискалните правила кои ќе придонесат во оваа насока.

– Пристапот до овој финансиски инструмент, испраќа силни сигнали од страна на ММФ за домашната економија на меѓународните пазари и инвеститори. Имено при одобрувањето, покрај позитивната оцена за економијата од последната мисија на Фондот во земјава, ММФ ги оценува и фискалната политика, монетарната политика, стабилноста и супервизијата на финансискиот сектор и соодветноста на податоците.

Оваа линија значи доверба во економијата и политиките кои се спроведуваат во земјата, велат од Министерството за финансии.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре почнува етапната исплата на февруарските пензии

Редакција

Македонија ќе купува струја за бизнис секторот од Бугарија, цената не се знае

Редакција

Која е македонската компанија „Сајтрокс“, која САД ја стави на црната листа

Редакција