еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски го повика Заев на нов ТВ дуел

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повторно го повика лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на ТВ дуел.

“Имајќи предвид дека поминаа четири месеци од нашето последно јавно соочување, а се случија многу  работи, почитуван претседател на владата г-дин Зоран Заев ајде заедно на дебата на ТВ дуел, затоа што имаме на маса договор со Грција, има многу лаги и лажни очекувања, афери, корупција,  скандали, затоа што многу работи мораат да бидат слушнати, јасно и гласно. Ајде пред граѓаните да разговараме отворено јас и Вие и искрено за сите случувања што изминаа минатиот период за договорот, но и за сите останати теми кои што живот значат за граѓаните пред 30 септември. Овој пат почитуван претседател на владата Зоран Заев, за Македонија се работи. А јас верувам дека Македонија ќе победи!“, изјави при соопштувањето на ставот на партијата за референдумот, Мицкоски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 141 случаи на заразени од корона вирусот

Редакција

Балистичари вкрстено ќе бидат испрашувани за „Монструм“

Редакција

Филипче: Есенскиот бран ги оптерети лабораториите, се работи на решение за термини за тестирање

Редакција