еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски не се оградува од Ванчо Михајлов, вели дека тој е дел од континуитет на ВМРО-ДПМНЕ кој треба да се почитува

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за „Само интервју“ на Канал 5 не се огради од контроверзниот Ванчо Михајлов, чие име го носи бугарскиот клуб во Битола.

Општо познато е дека Михајлов бил негатор на Македонците и соработник и близок пријател на Анте Павелиќ, шеф на фашистичката Независна држава Хрватска од Втората светска војна.

Тој јавно инсистира Владата да го затвори клубот во Охрид што го носи името на бугарскиот цар Борис, но не и тој во Битола.

Во интервјуто, на прашање зошто не го споменува Ванчо Михајлов кога бара доследно спроведување на новите измени на Законот за здруженија, туку бара само да се затвори „Цар Борис Трети“, Мицкоски одговори дека двата лика се неспоредливи.

– Михајлов бил предводник на организацијата во одреден историски период. Цар Борис бил прв човек на држава што соработувала со нацистите во Втората светска војна и наредила да бидат испратени 7.200 македонски граѓани со еврејско потекло во концентрациониот логор Треблинка. Има разлика од едниот до другиот, рече Мицкоски.

Во врска со биографијата на Михајлов, кој е познат како соработник на нацистите, како другар на Павелиќ, како човек што бил во Македонија за време на војната со наредба од Адолф Хитлер да формира независна македонска држава, Мицкоски вели дека Михајлов секако е контроверзен историски лик.

– Ние можеме да зборуваме за многу контроверзии за Иван Михајлов или Ванчо, како вие што го нарекувате, и можеме да зборуваме за неговата биографија која е, да, контроверзна. Јас лично не се согласувам со начинот на кој делувал во периодот во кој делувал. Мене не ми е проблем да зборувам за него и за неговите претходници, но да се задржиме на денешницата, рече Мицкоски.

Тој очекува клубот на Бугарите во Охрид да се затвори, односно, како што вели, една добра влада што ја сака својата држава и го почитува својот народ, треба да го забрани.

Во врска со тоа дали СДСМ со измените на Законот за политичките партии, со кои исто како и со измените на Законот за здруженијата се засилува оградувањето од фашизмот, нацизмот, итн.. практично алудира на фашистичките врски на Михајлов и потребата на денешното ВМРО-ДПМНЕ да се огради од него, Мицкоски вели дека денешните лидери не мора да се согласуваат со начинот на кој делувале претходните.

– Не мора да се сложиме со тоа што го правеле претходниците и со тоа како раководеле со организацијата. Ќе помине деценија, па некој друг во иднина можеби со нас нема да се согласува. Не значи дека сме се сложувале со тие политики.

Континуитетот што сме го презеле треба да се почитува, ние сме партија за македонско национално единство. Да се задржиме на денешницата и да гледаме кон иднината, вели Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Негаторски цитат за македонскиот народ во бугарскиот клуб “Ванчо Михајлов“, кој ги дискриминира и вознемирува Македонците

Пропаганда со деца: Бугарска фондација престави ученици од Битола како истомисленици на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов” ги дискриминира Македонците, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Татјана Димитровска е новата претседателка на Антикорупциска

Редакција

(Фото) Пендаровска и сопругите на амбасадорите на ручек кај Жбогар

Редакција

Трудниците не се повеќе ослободени од работа со физичко присуство на работното место

Редакција