еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски од Генчовска побара да се тргне ветото и да престанат условувањата кон Македонија

Претседателот на ВМРО–ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и членот на Извршниот комитет и портпарол Марија Митева остварија средба со министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.

На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба и предизвиците на Македонија во процесот на европска интеграција. Мицкоски ја истакнал загриженоста за европската интеграција на Македонија и побарал да се отворат преговорите без условувања.

Мицкоски посочил дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати договор кој е резултат на преговори во кој не учествува најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ и преговори кои се на штета на македонскиот народ и неговиот идентитет.

„Оваа влада нема легитимитет да преговара и да ги нарушува македонските преговарачки позиции.

Мицкоски порача Бугарија да го тргне ветото без одложување и пристапните преговори да започнат што поскоро низ призма на европските вредности и критериуми,“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Малиот Ајнур доби шанса за живот со комплексна операција на срцето

Редакција

И денеска дојави за бомби во училишта во Скопје

Редакција

Свети Николе за неколку дена стигна до 105 активни случаи на Ковид-19

Редакција