еМагазин
Image default
Македонија

Милевски: Договорот Заев – Гаши е направен со одредена уцена, ако ние излеземе од Владата ќе има нови избори

Власта остана без мнозинство во Собранието и на располагање беа или нови избори или да направиме некој компромис, коалиција со други партии за да се зголеми парламентарното мнозинство. Алтернатива го искористи тоа и направи договор со кој зеде места коишто не кореспондираат со нивната сила на терен, вели Горан Милевски, лидер на ЛДП и министер за локална самоуправа во интервју на Радио Слободна Европа.

На прашањето за договорот помеѓу премиерот во заминување, Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши одговара:

“Видете, тој договор е практично направен со одредена уцена, бидејќи власта остана без мнозинство во Собранието и на располагање беа или нови избори веднаш, при разнишан рејтинг на сите владејачки партии, или да направиме некој компромис, коалиција со други партии за да се зголеми парламентарното мнозинство.

Алтернатива го искористи со тоа и направи договор со кој зеде места коишто не кореспондираат со нивната сила на терен, меѓу гласачите. Ние конкретно имавме забелешка кон Законот за рамномерен регионален развој, бидејќи се бара нов закон, меѓутоа гледам деновиве дека Алтернатива ретерира и прифатливо им е моето стојалиште дека се спремни да пристапат кон измени и дополнувања на тој закон за да се подобри, а нема да бараат, се откажаа од барањето за изработка на нов закон, како што стоеше во договорот“.

На прашањето дали разговарал и дали ќе разговара за формирање на ново владино мнозинство со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи лидерот на партијата, Христијан Мицкоски деновиве одговарајќи на новинарско прашање, прашан и за незадоволството на ЛДП, одговори – разговараме со сите незадоволни оттаму, вели:

“Ако ние излеземе од оваа Влада, тоа ќе значи нови избори, одење на избори, а не креирање на ново парламентарно мнозинство, бидејќи за ново парламентарно мнозинство, како ЛДП сметаме дека за тоа треба да добиеме мандат од граѓаните, а не врз основа на политички интриги во рамките на Парламентот, така што во таа насока јас ве уверувам дека ако ние излеземе од Владата тогаш неминовно ќе биде одржување на нови предвремени парламентарни избори“.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има уште две фази до промена на Уставот, пак ќе бидат потребни 80 пратеници

Редакција

Бесник Ферати назначен за заменик-директор на Агенцијата за национална безбедност

Редакција

Нинџа осуден на уште шест месеци затвор, призна вина дека помогнал во бегството на началниците на УБК, Грујовски и Бошковски

Редакција