еМагазин
Image default
Македонија

Минатата недела зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 од 0,9%

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 14 до 20 март покажуваат минимално зголемување на бројот на нови случаи на Ковид-19.

“Тестирани се вкупно 15.577 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 2,1% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 1.834 нови позитивни случаи од 32 градови во државата, со зголемување од 0,9% во однос на минатата недела (n=1.818).

Процентот на позитивност се движи од 6,6% до 14,2%, просечно 11,4%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.076; 58,7%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 198,2/100.000 и Скопје – 169,6/100.000“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пад од 55,9%: Минатата недела од Ковид-19 починале 15 лица

Минатата недела пораснал бројот на лица кои по вторпат се заразиле со Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За „Рекет“, во тек се финансиска истрага и вештачења на одземените електронски уреди

Редакција

(Видео) Претседателот Пендаровски за момент „стана“ Црвенковски

Редакција

Пет лица починаа од Ковид-19

Редакција