еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Минималните трошоци на едно семејство во јули стигнаа до 47.042 денари

Минималните трошоци на едно семејство за јули изнесуваат 47.042 денари, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Според Синдикатот, оваа сума не е доволна ниту за семејства каде има двајца вработени кои имаат примања од една просечна и една минимална плата.

– Истовремено, имајќи во предвид дека инфлацијата од 16 проценти ја обезвреднува вредноста на платите и од тука износот од 18.000 денари колку што изнесува минималната плата во Македонија има реална вредност од 15.120 денари, а износот на просечната нето плата од 31.525 денари има реална вредност од 26.481 денари со што значително е осиромашен македонскиот работник и граѓанин, велат од ССМ.

Посочуваат дека владините политики за само пет месеци од зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари повторно ја вратиле нејзината вредност на нивото пред март годинава, односно со една минимална плата работниците да можат да купат само исхрана и пијалоци, колку што им биле потребни во јули (17.842,91 денар).

– На работниците им се потребни итни усогласувања на платите за амортизирање на инфлаторниот удар, а тоа значи Владата да ги усогласи платите за 18,4 проценти до септември согласно Законот, а во спротивно како што ги казнува Владата работниците, така работниците ќе ја казнат Владата, а истото се однесува и на работодавачите, укажуваат од ССМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов раст: Инфлацијата во јули 16%

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запознајте ги чуварите на јавните пари: Како инспекторот Муареми стана директор на Управа за финансиска полиција

Редакција

Моника Црнокрак е новото лице на „Голден карпет“, кој стартува во новата сезона во ново студио

Редакција

Приватните превозници бараат средба со премиерот, можна радикализација на протестите

Редакција