еМагазин
Image default
Македонија

Министерката за одбрана Петровска во дводневна посета на Бугарија

Министерката за одбрана на Република Северна Македонија, Славјанка Петровска денеска пристигнува во официјална дводневна посета на Бугарија на покана на министерот за одбрана Драгомир Заков, соопшти прес-центарот на Министерството за одбрана на Република Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, утре, по официјалната церемонија на пречек, двајцата министри ќе имаат средба по што ќе дадат изјави за медиумите.

Министерката Петровска и делегацијата што ја предводи потоа ќе се сретнат со раководството на бугарската парламентарна комисија за одбрана во Народното собрание.

МИА/Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема усогласен документ со Бугарија, не се врзуваме со датуми, вели Ковачевски

Редакција

За три дена 151 нови случаи на Ковид-19 од 2.780 тестови

Редакција

Продолжува судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција