Министерство за правда, заради добивање повеќе информации, испратило барање до Судскиот совет да ги достави на увид Записникиот од вчерашната седница, како и усвоениот дневен ред, на која беше разрешена претседателката Весна Дамева, информираат од таму.
Во денешното соопштение од Министерството за правда се вели дека со голема загриженост ги следат настаните во Судскиот совет.
-И покрај тоа што Судскиот совет е самостоен и независен орган кој треба да ја обезбеди самостојноста и независноста на судската власт, она што во моментов се случува во голема мера ќе влијае на натамошната доверба на граѓаните во судството.
Заради добивање на повеќе информации, Министерството за правда испрати барање до Судскиот совет да ги достави на увид Записникиот од 438-та седница како и усвоениот дневен ред.
Се надеваме и посакуваме да се надмине целокупната ситуација, а Судскиот совет да биде орган кој ќе води грижа за угледот на судството,“ се додава во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Антикорупциска загрижена за разрешувањето на Дамева, очекува реакција од институциите
Каков имот пријавила Весна Дамева, претседателката на Судскиот совет, која е разрешена