Најголемиот број од заразени со западно-нилска треска се од скопско: Дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населбата Драчево

Десет лица од заразените со западно-нилска треска, од вкупно 11 регистрирани случаи годинава, се од скопски населби.

Моментално од нив се хоспитализирани седум, а само едно лице од нив престојувало во Грција. Другите не ја напуштиле државата.

Дополнително има сомнеж за уште три лица од Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулекс-комарецот еден од најзастапените во Македонија може да пренесе западно-нилска треска

Од Министерството за здравство информираа дека го задолжиле Центарот за јавно здравје Скопје синоќа да спроведе дополнителна терестичка (од земја) адултицидна дезинсекција во населбата Драчево.

Станува збор за вонредно прскање против комарци, спроведено по индикација.

Во текот на мај и јуни се спроведени три акции на ларвицидна авионска дезинсекција.

Во јули е реализирана и втората акција на терестичка адултицидна дезинсекција во повеќе скопски населби, како што се: Ѓорче Петров, Хром, Влае, Влае, Карпош, Дебар маало, Маџир маало, кеј на Вардар, Водно, Пржино, Драчево, Маџари, Лисиче и други населени места, насочена кон сузбивање на возрасните форми на комарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На механичка вентилација се двајца пациенти со западно-нилска треска

Бројот на заразени со западно-нилска треска се зголеми на 11: Како да се заштите од болести кои се пренесуваат преку комарци

Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести