еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Мисијата на ОБСЕ во Скопје промовираше бесплатна телефонска линија за помош при напад на новинари и медиумски работници

Мисијата на ОБСЕ во Скопје во партнерство со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денес во Скопје на прес-конференција ја промовираше бесплатната телефонска линија 0800-11-011 за помош на новинари во случај на закани, напади и насилство кон новинарите.

Бесплатната телефонска линија ќе функционира 24/7 и ќе овозможи помош и поддршка на новинарите и медиумските работници во случај на заплашувања, закани, вербални или физички напади, онлајн вознемирување, родово насилство, уцени и останато загрозување на безбедноста.

Телефонскиот оператор ќе ги советува новинарите и медиумските работници како да постапат во одредени специфични ситуации преку информирање за механизмите на делување кои им се на располагање.

„Нападот врз новинарот е напад врз демократијата. Заканите и заплашувањата често доведуваат до самоцензура, го ограничуваат просторот за проток на идеи и мислења“, рече заменикот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Џеф Голдстајн.

„ОБСЕ со својот сеопфатен пристап кон безбедноста, работи на обезбедување услови медиумите да работат слободно и новинарите да можат непречено и безбедно да ја вршат својата работа – без страв од заплашување или закани.“

В.д. претседателот на ССНМ Ѕвездан Георгиевски рече: „Квалитетно новинарство не е можно без постоење услови за безбедна работа на новинарите и медиумските работници. Клучно е на нашите колеги да им овозможиме помош кога ќе се соочат со кој било вид на насилство“.

За време на прес-конференцијата, Мисијата донираше елеци и заштитни капи за репортери членови на Здружението на новинари (ЗНМ).

Фото: ОБСЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Одамна за Коледе не сме имале снег: Конечно паѓа и во Скопје

Редакција

(Видео) Рисицата Атиџе, жива и здрава, талка по шумите на НП „Маврово“

Редакција

ХТЛ Македонија донираше медицинска опрема во вкупна вредност од 20.000 евра на ГОБ „8 Септември“

Редакција